УСЛУГИ
Охридски Вили претставува дел од меѓународната агенција со работно искуство од
35 години со седиште во Англија и на чело со
Michael Peter Krempels.
Охридски Вили е меѓународна агенција за посредување при промет со недвижности.
Нашата основна и примарна дејност е промет со недвижности, кое опфаќа понуда и
продажба на недвижности, односно упатување на нашите клиенти како на најбрз и
наједдноставен начин да дојдат до посакуваната недвижност и тоа не само во Охрид
и во Македонија туку и во Хрватска , Англија и Романија каде што нашата агенција
и постои. Ова поседно се однесува на странци, кои што се повеќе се
заинтересирани за купување на
недвижности во Охридското туристичко подрачје. Наша задача е да ја олесниме
нивната и вашата купопродажба на недвижностите. За сите евентуални прашања
поврзани со прометот на недвижности Ви стоиме на располагање.
Охрид претставува незанемарлива
дестинација за целиот Балкан како и за туристи од целиот свет, став на нашата
компанија е да се прилагоди пазарот
на недвижности според потребите на туристите и останатите посетители на нашиот
град.
Во светот, фразата ,,Property management,,
е значајна, и точно
се знае што претставува тој поим, меѓутоа, кај нас тоа се уште е непознато, и во
буквален превод и во пренесено значење. Најблиску до тоа значење би бил поимот
,,Управување со стамбени згради,, Тоа претставува цел на нашата компанија.
Ние сме тука да ви понудиме сосема иновативна и свежа идеја за управување со
вашата недвижност. На почетокот ги споменавме туристите, кои доаѓаат се повеќе
секоја година, и се повеќе се зголемува потребата од недвижности, и во смисла на
изнајмување на апартмани , или во смисла на продажба на истите. Тоа е причината
заради која ние дејствуваме.
Затоа , ако имате
недвижност која сакате да ја изнајмите, на поголг или на краток период, или Ви
треба стручно советување во врска со прометот со недвижности обратете ни се.
ПОСРЕДУВАЊЕ
Во својата понуда имаме одреден број на недвижности, ако сакате повеќе или
различни, Ви стоиме на располагање за пронаоѓање на посакуваниот објект. Сите
средсва на нашата компанија ќе Ви бидат на располагање, како и нашиот стручен
тим. Моментално делуваме на подрачјето на Охрид и цела Македонија, како и во
Хрватска , Англија и Романија. Ако сакате да продадете или купите недвижност
обратете ни се нам.
|